1467
- ТРЕСОНЧЕ - 2004
|
1467
- ТРЕСОНЧЕ - 2004
Тресонче
е едно од
најстарите
села во
Република
Македонија.
Неговото име
најнапред
било
Старо Село.
Се наоѓа во
срцето на
планината
Бистра, во
западна
Македонија,
а е
распослано
по левата и
десната
страна на
Тресонечка
или Мала
Река. Низ
историјата
се
споменува
како
дервенџиско
село, а
неговите
главатари
неколкупати
се
среќавале
со турските
султани во
Цариград,
поради што
Тресонче е и
споменувано
во
султанските
дефтери
како
стратегиски
значајно
село на
патот кој од
Кичево и
Дебар водел
кон Елбасан,
Косово, Драч
и Солун. Тоа
е село од
каде се
родиле и сe
уште се
раѓаат
уметници,
зографи,
копаничари,
свештеници,
монаси, ќеаи,
сточари,
министри,
академици,
ѕидари,
дервенџии и
градоначалници,
село на над 50
лекари,
доктори на
науки,
магистри,
книжевници,
филолози,
новинари,
писатели,
комунисти и
демократи,
значајни
архитекти,
правници,
економисти,
учители,
војводи и
војвотки,
село на
амбасадори,
конзули и
трговци, но и
село на
печалбари и
на жени кои
разбојниците
секојдневно
ги завивале
во црно. Чудесните тресончани ги наоѓаме запишани на најсветлите, но и на најтемните страници од македонската и од светската историја, потпишани под балканските иконостаси, на страниците од историјата на Октомвриската револуција во Русија и на челичните ѕидови на потонатиот “Титаник” длабоко во Атлантикот...
ЛОКАЦИЈА
И НАСЕЛЕНИЕ Влезот
во село
Тресонче
води од
Бошков Мост
кон исток, по
Мала Река и
таа е
единствениот
пат што води
низ кањонот
во кој се
наоѓаат
уште и
селата
Росоки и
Селце. Од
северната
страна
Тресонче е
заградено
со врвовите
Брзовец и
Пешкопеја,
од исток со
Шкрка (Дајдовец)
и од југ со
ридовите
кои
почнуваат
со Думостол
и
завршуваат
со карпата
Соколица. На
југ од
Тресонче се
наоѓа
селото
Лазарополе.
Во самото
подножје,
речиси на
самото дно
на кањонот, е
сместено
Тресонче,
засолнето
од сите
страни со
шуми и од
погледите
на било кој
намерник.
За
значењето
на зборот "Мијак"
прв писмено
толкување
дал
галичанецот
Ѓорѓија М.
Пулевски (1822 - 1893).
Тој во
неговата
книга "Славјано
- маќедонска
општа
историја"
објаснува
дека "думата
МИЈАК
означава -
бистар ум,
хора
бистроумни
и оште
Мијаци =
Македонци...".
Потеклото
на Мијаците
Пулевски го
поврзува со
античките
Македонци и
смета дека "Мијаците
биле
гвардејци
на
Александар
Македонски,
а Брсјаците
биле неговата
брза армија". Според
првичните
записи во 1467
година во
Тресонче
имало три
христијански
куќи.
Раскажувањата
на старите и
пронајдените
записи во
турските
дефтери
сведочат
дека во
Тресонче
низ
вековите
имало и до 300
куќи, а еве
како се
движел
бројот на
домаќинствата
според
пописите од
поново
време:
според
пописот од 1921
година
Тресонче
имало 248
домаќинства
со вкупно 851
жител (274
машки и 577
женски лица);
во 1925 година
бројот на
домаќинства
изнесувал 164,
а вкупното
население 761
жител; во 1930
година
имало 117
домаќинства,
а 785 жители; во
1948 имало 34
домаќинства,
а во 1953 бројот
на жители
изнесувал 169
лица. Во 1961
година
бројот на
домаќинства
изнесувал 70,
со 153 лица; во 1971
година
имало само 10
домаќинства
со вкупно 24
жители, а во 1981
се
регистрирани
15 жители. Во 1994
година во
Тресонче се
регистрирани
само 3
домаќинства
со вкупно 9
жители, или
како што
споменавме
погоре, исто
колку што
селото
броело во 1467
година! Во
2004 година
тука живеат 12
лица во 5
домаќинства,
но бројот на
лицата кои
си доаѓаат
крај своите
стари
огништа
преку
летото,
зимските
распусти и
викендите е
сî поголем.
Во селото се
прават нови
куќи, а веќе
неколку
години до
него води
тесен
асфалтен
пат, прооден
и во текот на
зимата. На
надморска
височина од
1.000 до 1.100 метри
терасесто,
една над
друга
надвиснуваат
куќите
наредени во 14
маала:
Кадиевци,
Пешковци,
Јодровци,
Лековци,
Јуруковци,
Бошковци,
Брадиновци,
Врлевци,
Екмежиевци,
Крајниковци,
Србиновци,
Петровци,
Тризловци и
Кичевци.
Некои од
маалата
денеска се
ненаселени. Тресонче е богато со православни црковни објекти и светилишта. Во средината на селото се наоѓа централниот храм "Свети Петар и Павле", изграден во 1844 година на местото на старата црква, за која денес не постојат ниту записи ниту преданија. Ктитор на храмот бил ќеајата Сарџо (Саржо) Брадиноски и тоа се дознава во записот на Дичо Крстев Аврамоски, подоцна познат како Дичо Зограф, кој ја зографисувал црквата во 1845, 1846 и во 1851 година.
ГЕНЕЗА
НА ИМЕТО
На
западната
страна на
селото, пред
самиот влез
и во
непосредна
близина на
храмот
Свети Петар
и Павле се
наоѓа и
црквата
Свети
Никола.
Според
преданијата
и
сеќавањата
на старите
луѓе, овој
православен
храм е
изграден
врз три
латински
гробови или
светилишта,
односно врз
“тре санче”.
На околу
еден
километар
од Тресонче
надолу по
истоимената
река се
наоѓа
месноста
Света Петка
каде исто
така има
едно мало
црквиче
посветено
на таа
светителка. Овие
три
светилишта,
односно "Свети
Никола", "Свети
Петар" и "Павле
и Света
Петра", според
едното
толкување,
го
претставуваат
толкувањето
на името на
селото тре
санче, три
светци, т.е.
Тресанче.
Познато е од
дијалектологијата
дека
вокалот А на
многу места
во
мијачкиот
говор се
заменува со
О, па и оттука
името на
селото од
Тресанче,
станало
Тресонче. Според
второто
толкување
името на
селото е од
глаголот “тресе”.
Имено во
минатото
тресончани
заминале по
некаква
одмазда низ
Река и во
Албанија,
оти
разбијничка
банда на
населението
му нанело
зулуми.
Оттаму,
велат,
луѓето во
тие реони
трески ги
треселе
кога врвеле
селаните од
Старо Село. Третата
можност,
која
веројатно
најточна е
дека името
Тресонче
доаѓа од манастирот
Трескавец
ДЕРВЕНЏИСТВОТО
Тресончани
од старо
време,
односно од
пробивот на
Турците на
Балканот и
освојувањето
на
Македонија,
биле
определени
за
дервенџии (чувари
на
патиштата)
на патот
Кичево -
Дебар што
минувал низ
синорот на
Тресонче и
кој покрај
тоа, ги
поврзувал и
Брсјачијата
со Дебар. Овој
податок за
првпат се
среќава во 1521 /
1522 година, но
сигурно е
дека не било
едноставно
туку-така
некое село
да се
определи со
султански
ферман да
биде чувар
на некој
значаен пат.
Ова е доста
значаен
податок
кога се има
предвид
претходно
изнесениот
податок
дека во 1467
година
селото
имало само
три
семејства.
Зошто? Со
самиот факт
што селото
било
определено
да биде
дервенџиско,
се
согледува
дека тоа
било далеку
постаро од 1467
година и оти
во таа
година
имало толку
мал број
фамилии
најверојатно
само заради
тоа што во
тој реон
имало битки
меѓу
Османлиите
и
староседелците,
па
неселението
времено ги
напуштило
домовите. Според
топонимите
и
преданијата,
територијата
што ја
надгледувале
и
обезбедувале
тресончани
почнувала
од самиот
синор со
Брсјаците,
од месноста
“Близна вода”
или од
местото
каде
некогаш се
случил
настан по
кој тоа
место го
добило и
името “Три
гроба”, а
едно маало
во Тресонче
се нарекло
Кадиевци.
Сто
и шеесет
години по
овој случај,
тресончани
повторно се
пожалиле
кај
султанот,
овојпат до
Мехмед 4, во 1682
година, кој
исто така во
ферманот
навел дека
никој од
страна не
смее да ги
злоставува
жителите на
Тресонче.
Селото и по
третпат ќе
се запише во
султанските
дефтери и
тоа според
едни, на 15
декември 1697
година, а
според
други на 12
јануари 1698
година.
Причината и
тогаш била
иста,
односно
некој
анџија
Мемет со
неколкумина
фукари под
изговор
дека собира
данок за
пасиштата
всушност на
населението
му собрал
пари без
никаква
основа. И по
сите овие
преписки,
тресончани
и понатаму
останувале
дервенџии
на
споменатиот
пат. Од
ваквата
некогашна
грижа за
заштита на
премините и
патиштата, а
со тоа и на
луѓето што
патувале,
денес во
топономастиката
низ
синорите на
Бистра се
јавуваат
месности
наречени
Стража,
Стопанче, т.е.
Топанче,
Чукнитопаница
и сл. Молбите
што
тресончани
ги
упатувале
до турските
султани
продолжиле
и понатаму
низ
вековите, во
времето на
Мустафа во 1702
година или
неколкупати
подоцна во 19
век.
Дервенџиството
и ваквиот
однос кон
Високата
Порта на
Цариград и
залагањето
на
султаните
за правата
на
тресончани,
најверојатно
придонело и
за развојот
на
сточарството,
односно на
дејност
која имала
гарантирана
безбедност
со огнено
оружје. ZANIMAWATA Климата
во долината
на
Тресонечка
Река е
континентална,
а на
високите
места
планинска,
односно
алпска, која
се одликува
со големи
врнежи снег.
Воопшто
земено, во
малореканскиот
предел
постојат
две годишни
времиња:
свежо лето,
кое се
одликува со
сите
елементи на
природната
убавина и
долга зима
кога се е под
снег и мраз. И
галичанецот,
Панајот
Гиноски во
воведот на
својот "Зборник"
наведува: @ивотот
наш мијачки
се делит на
два дела:
зимен и
летен...". Распослани
во вакви
планински
места,
засолнети
од силни
ветрови и
богати со
планински
пасишта и
вода,
жителите на
Тресонче
имале
можноста да
го развијат
сточарството,
како
единствена
стопанска
гранка која
им
овозможувала
опстанок во
тој предел.
Сепак, Мала
Река и
денеска
претставува
еден од
најзафрлените
и
најскриените
краеви на
Балканот,
така што
освен
сточарите
со своите
стада и
печалбарите
подоцна,
никој друг
не можел и не
сакал да
живее во
оваа област,
од што се
добива
впечаток
дека
малореканците
го избрале
овој крај за
само тие да
живеат таму.
Фактот што и
најсиромашната
куќа во
Тресонче
располагала
со барем 40
овци ни
докажува
дека таа
куќа сите
домашни
потреби од
волна, месо,
млеко и
други
млечни
производи,
ги
подмирувала
од
опствените
средства за
производство.
Оттука,
овцата,
покрај
парите или
златниците,
имала улога
на
еквивалент.
Со парите
заработени
од
продажбата
на вишокот
млечни
производи,
домаќинството
ги
подмирувало
најосновните
потреби од
жито, сол,
шеќер, масло
и друго, што
им
недостасувало
од
сопственото
производство. Секој
крупен
сточар,
обезбедувал
работа и за
повеќе
стотици
лица. Сите
тие биле
запослувани
во својство
на овчари,
разнесувачи
на храна за
овците,
млекото и
млечните
производи,
во
обработката
на млекото:
сирењари,
урдари,
фичури,
котарџии,
молзачи,
бачеви,
параќеаи и
др. Од
дамнина
целата
територија
била
резделена
на “планини”,
а секоја “планина”
си имала
барем по
еден извор
со вода.
Границите
на “планините”
се
обележувале
со ќулиња, т.е.
“старци” што
всушност
биле редени
камења, кои
оддалеку на
овчарите им
личеле на
осамени
старци. Но, “планините”
биле
разделувани
на уште
помали
делови. Се
викале “држави”,
а секоја “држава”
си имала
само по едно
бачило.
Некогаш во
тресонечкиот
дел на
Бистра
постоеле 32
бачила,
односно “држави”,
а вкупниот
број на
добиток се
движел и над
100.000 грла овци и
неколку
илјади коњи.
Според
кажувањата
и
зачуваните
писмени
податоци,
секоја куќа
во Тресонче
имала од 40 до 100
овци,
мнозина
имале и до 300,
за во 19 век
селскиот
главатар
Сарџо
Брадина да
формира
стадо од 80.000
овци и
неколку
илјади коњи
кои
презимувале
во Солунско,
а напати и на
некои од
егејските
острови.
Такви силни
сточарски
родови во
Тресонче
биле
Брадиновци,
Јуруковци,
Бошковци,
Перковци,
Тутинци и
Силјановци.
Нивните
наследници
денеска
немаат ниту
една овца.
Еден
топоним,
познат како
“Јуручки
гробишта”,
оддалечен
на околу 3-4
часа одење
од селото,
раскажува
дека
некогаш на
Бистра
дошле
турски
јуручки
сточари. Тие
не ги
признавале
правата на
тресончани
определени
од султанот,
па
заграбале
од “планината”
и се
распослале
по “државите”
и бачилата
со своите
овци.
Тресончани
брзо се
собрале и
вооружени
заминале в планина.
Настанал
судир во кои
загинале 12
Јуруци и
оттогаш
никогаш
повеќе не се
вратиле на
Бистра.
Сличен
случај е
забележан и
со некои
Куцо-Власи
кои исто
така не ги
почитувале
атарите на
Тресонче, па
и тие
насилно се
населиле по
бачилата. И
тогаш имало
оружан
судир во кој
тресончани
убиле еден
бач, фичурот
и уште едно
лице, па така
тоа место и
ден денеска
се вика “Три
гроба” (оддалечено
на околу 5-6
часа одење
пеш од
селото) и го
определува
атарот на
селото кон
Кичево.
Според
некои
записи, овие
настани се
случувале
во 15 век и
подоцна.
Паралелно
се
дервенџиството
и со
сточарството
жителите на
Тресонче,
како
впрочем и
другите
мијачки
села (Лазарополе,
Галичник,
Гари, Осој,
Селце и
Росоки) се
занимавале
и со други
дејности:
зографство,
печалбарство,
ѕидарство,
резбарство,
плетење,
шиење (терзилак),
ткаење итн. Имале
една мала
индустрија
од воденици
и валавници
на брзите
планински
реки, каде
самите го
мелеле
житото и
правеле аба
и други
ткаенини за
прекрасната
мијачка
народна
носија. Во
овој дел
биле сосема
самостојни
од другите
делови на
Македонија
и на
Балканот, а
со
добитокот и
млечните
производи
уште повеќе
ја
истакнувале
својата
независност. Со
навлегувањето
на стоково-паричното
стопанство
кон крајот
на 18 век,
некогашната
племенска
организација
кај
Мијаците во
Тресонче
почнала
брзо да се
распаѓа.
Старите
родови во
малореканските
села , како
што биле
Брадиновци
во Тресонче,
Кокалевци
во
Лазарополе,
Томовци во
Галичник,
Деловци во
Росоки и
Божиновци
во Осој во
втората
половина од 19
век како
резултат на
навлегувањето
на новиот
вид
стопанисување,
почнале да
ја губат
некогашната
улога што ја
имале во
Мала Река и
Радика.
Големите
стада овци
барале и
ангажирање
на повеќе
луѓе што
честопати
било тешко
да се
оствари
зашто со
смртта на
главатарите
на родовите
често се
јавувале
битки и
ривалства
меѓу
родовските
првенци што
некогаш
значително
економски
ги
ослабувало.
Во тоа време
се
зачестиле и
башибозучките
разбојништва,
што се
јавиле како
резултат на
слабеењето
на
османлиската
држава. Тоа
ги натерало
селаните да
се свртат
кон
печалбарење
по другите
држави и
градови. На
тој начин
печалбарството
влијаело
врз
распаѓањето
на
родовската
организација,
зашто на
нејзина
сметка се
развила
индивидуалната
работа,
наспроти
колективната
што
постоела во
родот. Печалбарството
било дел од
начините за
заработка и
издржување
на
семејствата.
Луѓето од
Тресонче
највеќе на
гурбет
оделе во
Грција,
Србија и
Бугарија, но
многумина
заминувале
и во Египет,
Италија и
Америка.
Одејќи кон
Америка
двајца
браќа од
Тресонче од
маалото
Врлевци,
загинале во
бродоломот
на бродот “Титаник”
во ладните
води на
Атланскиот
океан. За
нивен вечен
помен мајка
им Трена под
нивното
маало
засадила
орев што
израсна во
огромен
горостас, а
опстојуваше
до доцните
осумдесетти
или раните
деведесетти
години од 20
век. Резбарството
и
зографството
се посебни
поглавја од
историјата
на Тресонче
и се наоѓаат
на посебно
место на
оваа
Интернет
страница. Но,
историјата
не може да
биде
целосна ако
барем во
најопшти
црти не ги
споменеме
овие доста
значајни
сегменти од
минатото на
нашето село
и
исклучително
значајни за историјата
на
уметноста и
на
православието
во
Македонија
и на
Балканот. Во
минатото (особено
во 18 и во 19 век)
речиси
немало куќа
во Тресонче
која не се
занимавала
барем со
еден
уметнички
занает. Во
маалото
Лековци
имало два
видни
зографски
рода: едниот
на Дичо
Крстев,
подоцна
познат како
Аврамоски
или
едноставно
Дичо Зограф
и вториот,
родот
Перкоски. Во
маалото
Јодровци
Од
самиот
почеток, па сî
до денес,
поимот “резбарство”
или “копаничарство”
е поим за
Македонија
и обратно.
Поимот за
цела
плејада
резбари,
иконописци
и зографи е
Река, а
поимот Река
а поим за
раѓањето и
живеењето
на Мијаците
кои со
творештвото
на овие
поими
создале и ја
збогатиле
историјата
на својот
народ. Еве ги
тресончаните:
родот
Рензовци -
Зографовци,
прочуени
како
копаничари
и зографи.
Најугледен
од нив бил
Дамјан
Дамјанов со
синовите
Ѓорѓе,
Андреја,
Косто и
Никола.
Потоа родот
Станишевци
со
основоположникот
Гешо и
синовите
Димитар и
Андон
Станишеви
(чие дело е
централната
резба на
иконостасот
во
манастирот
Дечани во
Косово - фото
десно);
родот
Данаиловци
чиј основач
е Данаил и
неговиот
син Мојсо
Данаилов;
родот
Анѓелковци
и синот
Петар од чие
потекло
резбарството
досегнува
до денешни
дни; потоа
родот на
Велјан Х.
Огненов,
копаничарот
Јанкула
Силјанов (тој
има
оставено и
ерминија од
1728 година).
Сите овие
тресончани
раскажувале
на дрво, а се
смета дека
Света Гора
Атонска и
Солун се
местата
каде
тресонечките
резбари и
зографи го
изучувале
занаетот.
ОБРАЗОВАНИЕТО Писменоста
кај
жителите на
Тресонче и
воопшто кај
сите Мијаци
претставува
вистинска
антика.
Речиси и не
се паметува
дека во
изминатите 300
години
некој
тресончанец
умрел
неписмен!
Низ
Мијачијата
со векови
врвеле,
палеле и
пустеле
Турци,
Албанци,
Бугари, Срби,
Италијанци
и Германци,
но ниту еден
од нив не
успеал да ја
уништи
потребата
за
образование
кај нашите
луѓе. Црквата
секогаш го
помагала
изучувањето
на "~тението”
и “писанието”,
а мијачкиот
интелектуален
ген во
Тресонче
создал цела
плејада
професори и
политичари,
огромен
број
интелектуалци,
лекари,
петмина
академици
на науки и
уметности (инж.
проф. д-р
Петар
Серафимов -
статичар,
член на МАНУ;
неговиот
брат проф. д-р
Љупчо
Серафимов -
ортопед, прв
пресадувач
на колкови
во
Југославија,
член на МАНУ;
Коле Чашуле -
писател и
публицист,
член на МАНУ; проф.
д-р Данчо
Зографски -
економист,
член на МАНУ
и проф. д-р
Томо
Смиљаниќ-Брадина
- етнолог кој
докторирал
на Сорбона,
член на САНУ -
Српска
академија
на науките и
уметностите),
сите од
малото
Тресонче
кое денеска
брои околу 70
куќи. Првото
училиште во
селото е
изградено
во 1852 година,
но со години
пред тоа,
образованието
на жителите
се вршело во
селската
црква или во
манастирот “Свети
Јован
Бигорски”.
Се смета дека националната преродба во македонската историја започнала од крајот на 18 век, меѓутоа фактите говорат дека црквите и училиштата во мијачкиот крај се возобновувале веќе во првите години на тој век. Се учело на мијачки дијалект, а во црквите се вршела богослужба на црквенословенски јазик. Наспроти големата поддршка и помош што силните селски главатари ја давале за националната преродба и за воцрковување на народот (Саржо Брадина - Тресонче, Ѓурчин Кокалески - Лазарополе и Томо Томоски - Галичник) уште цела плејада црковни и културни борци како Партение и Анатолиј Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Исаија Мажоски, Дичо Зограф и многу други му помагале на културно-образовното и црковното издигнување на луѓето од Мијачијата. Голем дел од нив и активно се бореле против грчката црковна и политичка пропаганда во Македонија, што се вршела пред сî преку фанариотите, односно Цариградската патријаршија. Некои од нив заради тоа биле затворани (Саржо Брадина), но во црквите низ мијачките села во тие векови никогаш не била одржана богослужба или литургија на грчки јазик. ГРАБНУВАЊАТА
И ОТПОРОТ Ваквата
политика
доведувала
до судири,
разбојништва
и убиства на
многу
селани од
овие места.
Според една
статистика,
за две
години, од 1
април 1909 до 1
април 1911
година во
мијачките
села биле
регистрирани
42 грабежи,
напади,
грабнувања
и убиства во
кои
настрадале 45
лица од кои 4
биле убиени, 4
заробени
поради
откуп, а во
споменатиот
период биле
украдени 7.432
овци, 98 коњи и 700
грла друг
добиток. Грабнувањето
лица поради
откуп
претставувал
особено
суров метод
на
разбојниците.
Обично тоа
го правеле
банди
кои не биле
доволно
силни и кои
сметале
дека не ќе
можат да
излезат на
крај со
поголемите
селски
родови или
со селата
воопшто, па
затоа и
прибегнувале
кон
грабнување
на некои
лице,
возрасно
или дете, за
заседа, за
време на
берење дрва,
косење сено
в планина и
сл. Откако ќе
грабнеле
некое такво
лице, обично
од
побогатите
семејства,
испраќале
порака за
откуп која
најчесто
завршувала
трагично.
Еден таков
случај е регистриран
и со Божин
поп
Данаилов од
Тресонче,
кој починал
во сурови
маки поради
неисплатеното
барање, а пак
една друга
фамилија за
да го спаси
грабнатото
дете
наполно
била
осиромашена
и сотрена.
Поради ваквите разбојништва настапувале и чести раселување од речиси сите мијачки села, па и од Тресонче. Но, разбојништвата не доаѓале само од качачките банди. Имало и случаи кога тоа го правеле и самите сејмени (платени селски чувари), кои наместо заштитници се престорувале во уценувачи и убијци. Еден таков случај претставува и настанот со сејменот Осман Леши. Тој за својата работа во Тресонче добивал по 30 турски лири годишно и бил селски сејмен долги години. Но, по некое време, освен платата тој си одредил и други зафаќања од сите што имале коњи, т.е. по 20 пари за секој коњ. Тресончани се спротивставиле, дошло до расправија во која бил убиен некој Петре, кој и бил прв маж на некоја жена што во селото ја викале Смилевица. Поради тоа сејменот бил протеран., но тој и понатаму сакал да остане и се заканувал. Во еден момент в планина ги пресретил и убил три тресончанки: Арсевица, Андревица и Стрезовица, а тешко ја ранил Смилевица. Покрај жените, Осман Леши убил и двајца дрвари кои тресончани ги најмиле од селото Јанче. Не е познато како завршил овој настан. Ваквите разбојништва биле секојдневие, па затоа во многу случаи селаните самите си се организирале во заштита, а неретко се случувало и сосема сами да ги одбранат и родот и куќата борејќи се со огнено оружје затворени во камените куќи, кои личеле на тврдини. Такви примери има и во Тресонче кога некоја жена, Динговица, за да се одбрани од некоја банда, со ќускија го прободела првиот напаѓач што се искачувал на една потпрена скала по куќата.
ИЛИНДЕН И ТРЕСОНЕЧКИТЕ ВОЈВОДИ Годините
врвеле, а
тешкотиите
со
качачките
бенди и со
турската
власт
станувале
се потешки.
Се ближел
Илинденскиот
период во
кој
Тресонче
земало
активно
учество во
подготовките
и во текот на
оружените
акции. Посебна
комитска
историја
испишале
тресончаните
Максим Војвода
(фото-долу
десно) и
Сирма
Војвода.
Првиот бил
на чело на
неколку
комитски
чети
составени
од Мијаци и
загинал на
планината
Голак во 1903
година, а
Сирма
останала
опејана во
народните
песни како
единствена
жена
војвода за
која целата
дружина не
знаеле дека
не е машко,
ами стројна
мома. За
нивните
животи
опширни
податоци
има во делот
од оваа
Интернет
страница
насловен
како “Личности”.
Во илинденскиот период Тресонче го носело тајното име Назарет, Лазарополе го викале Ерусалим, а Галичник Миродита. Од територијата на Тресонче се одржувала врската со областа Копачка, Кичево, Дебар и Галичник. Во селото имало организирано и центар за собирање лекови, облека и храна. Сето тоа било скриено во некоја пештера, најверојатно во месноста “Дужина дупка”, далеку над Тресонче, покрај самата река каде што една питома ледина, водата и дупката претставувале природно засолниште за собирање и криење на потребните материјали. Во оваа дејност како надлежен во обласниот комитет на Организацијата особено се истакнувал некој Јован Јуруков со помошниците Мино П. Брадиноски, Динго П. Цветковски, Гаврило Дингов, како и курирот Јован К. Терзиев. Овој последниот подоцна бил фатен и многу мачен за да ги открие информациите за четата и за скривалиштата, што дури и очите му биле извадени, а коските на рацете искршени, но Јован ништо не кажал и умрел во големи маки. Од базата за снабдување само на 4 августа 1903 година биле префрлени 18 товари разна стока и санитетски материјал. И жените курирки испишале свои редови во историјата на Тресонче. Имено, во еден судир со османлиските војски во септември 1903 година во месноста Јадово над селото Селце бил ранет галичкиот војвода Тале Крстев Цергоски. Неговиот курир, Марко Плешка го засолнил на свој ризик, а кога се стемнило го слегол во Селце, а по два дена во Тресонче во маалото Пешковци во куќата на Исијановци. Од оваа куќа потекнувал и Димитар Исијаноски, познат уште како Ормански, бидејќи цел живот се борел во орманите, т.е. во шумите. (Училиштето што во 1945 година било отворено во селото, го носело името Димитар Ормански). Исијаница, Талета го донела со Кумрија, по мажот Андреевица. Турците знаеле за ранувањето на галичкиот војвода, па по три дена презеле широка акција за негово пронаоѓање. И во Тресонче пристигнале војски од сите страни: од Дебар, Галичник, Царевец и Стопанче и почнале детален претрес на секоја куќа. Но, Исијаница не се уплашила. Го облекла војводата Тале во женска носија, го забрадила неговото и онака бледо лице и почнала да го оплакува и тожит. Наредила и сите врати од куќата да се отворат, со цел аскерот да си ја врши работата, додека таа ја тажи нејзината несреќна ќерка, која ете, починала. Војници влегле во собата виделе што виделе и си заминале. Така, благодарение на храбрите курирки војводата бил спасен. Во Пешковци останал цели два месеца, а после бил префрлен во с. Росоки каде уште две недели се лекувал во куќата на некој Авросија, па дури после бил пренесен назад во Галичник. Споменатата Кумрија, по мажот Андреевица, инаку била постојана курирка во кичевско-дебарскиот округ. Родена била во 1872 година во маалото Кадиевци, но иако поминала и преживеала сешто за време на турската окупација, неа во дваесетите години до 20 век ја убиле српските џандари во речиштето под црквата "Свети Петар и Павле". |
|||||||||||
|
|||||||||||