Untitled Page
Се смета дека Тресонче е едно од најстарите села во мијачкиот регион што се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Првите пишани документи датираат од предотоманскиот период (14 век). Селото е родно место на повеќе од 30 зографски тајфи (групи), односно на околу 100 зографи (сликачи на икони и фрески), како и на голем број копаничари и архитекти.
Покрај тоа, Тресонче е родно место на 45 доктори по медицина, 5 академици на науки и уметности, храбри војводи, писатели, политичари, дипломати, инжeњери, новинари, економисти и голем број други интелектуалци. Поради сето ова, не е за чудење што, според верувањето, Тресонче е најписменото село во Европа, иако во него има само 70 куќи.
Тресонче зрачи со креативност и богатство на идеи. Низ историјата го нарекувале и "Назарет на југоисточна Европа" и во исто време го претставува
"Битието на Европа"!
ПОЧИТУВАНИ ПОСЕТИТЕЛИ
ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛОТ НА СЕЛО ТРЕСОНЧЕ Е ПРЕНАСОЧЕН НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
WWW.TRESONCE.INFO