Народните носии во село Тресонче
Западномакедонски
тип носии Мијачката
народна
носија е
застапена
не само во
мијачката
етничка
целост (селата
Тресонче,
Галичник,
Росоки,
Селце, Гари,
Осој,
Лазарополе),
туку таа е
распространета
и надвор од
неа во други
етнички
предели и ги
опфаќа овие
населби:
Смилево (Битолско),
Папрадиште
и Ореше (Велешко),
Ехловец (Кичевско)
и Крушево. Главна
одлика на
оваа носија
е особено
богатиот
алов и "кинат"
- ажуриран
вез, кој
главно е
застапен на
женската
носија, и тоа
претежно
распореден
на ракавите
и
предниците -
"партите"
од кошулата.
Покрај тоа,
уште се
одликува со
изобилство
на реси
распоредени
речиси низ
целата
носија, како
и со метален
накит, кои на
оваа облека
& придаваат
достоинствен
и
господарствен
изглед.
Носијата на
Мијаците
укажува за
нивното
болјарско (царско)
потекло.
Особено со
такви
богати
украси на
вез, накит и
друго, се
одликува
невестинската
носија. Белите
клашнени
облеки,
украсени со
црни
гајтани, се
главни
одлики на
машката
мијачка
носија. Ова е
условено од
климатските
и
стопанските
услови во
кои тие
живееле (живеат)
како
сточари во
планинските
предели на
планината
Бистра,
Стогово,
Крчин и
Кораб. Мијачката
женска
народна
носија
изобилува
со голем
број детали: 1. Минтан
- долна
облека од
клашна,
украсен на
предниците
и ракавите
со кадифе,
згора
извезен со
срмено "букме"
и гајтани.
Вез - "лоза"
се
закопчува
со сребрени
филигрански
петлици. 2. Кошула
"тнока" - од
домашно
дебело
платно,
целосно
извезени
ракави. Го
добила
името по
главниот
орнамент
застапен на
ракавите и
кошулата. 3. Елек -
од домашно
платно,
предниците
потплатени
со "свита" -
чова и згора
украсени со
срмени
гајтани и
позлатени
петлици. 4. "Клашненик
гувеалски" -
горна
облека, од
домашна
бела клашна.
Предниците -
"свитките"
богато
извезени со
срмени и "алосани"
гајтани, "букме"
и позлатени
"петлици".
Долу
клашеникот
е украсен со
гајтани и
бикме.
Наместо
ракави има "паткавици"
- "рокави" (украсни
парчиња што
се спуштаат
низ плеќите).
5. Појас -
ткаен
четворно од
"чиста"
црвена
волна. По
краиштата
богато
украсен со "киски"
- реси. 6."Препашка"
- појас,
лито ткаена
од алова
преѓа со
прави шарки,
по
краиштата
украсена со
"китови" -
реси и "поплети". 7. "Ризинче"
- свилено
шамивче,
индустриски
производ. 8. "Фута
стамболска"
- скутина,
цариградска
копринена,
украсена со
"колца". 9. Шамија
- свилена со "киски"
- реси,
индустриски
производ. 10. "Чапрази"
- со "трепетушки"
- пафти со
срмен колан. 11. "Низалка"
- накит за
потпојас, со
три реда
синџири
поткитени
со сребрени
пари,
кувенџиска
обработка. 12.
Ѓердан
поткитен со
"дубли" -
златни пари. 13.
Чорапи "гувеалски"
- плетени од
волна,
ишарани со
шарбите "петнаесет
игли" и "девет
игли". 14. "Врзаници"
-
невестински
чевли,
направени
од жолта и
црвена кожа
"сафтијан",
ишарани со "з'мба". 15. "Калемќар"
- волнена
шамија за на
глава,
индустриски
производ. 16. "Игла"
од сребро -
накит за на
глава со
четири реда
синџири, а на
средина со
чапрасчиња,
кувенџиска
изработка. 17.
Ушници со
трепетулки -
накит за над
уши. 18. "Плетеници"
- украс за на
коса,
направени
од волнени "алосани
киски" -
рески,
украсени со
плетеници и
"жапки". 19. "Сокај"
- украс за на
глава,
направена
од алова "свита"
- чова и
платно.
Долниот дел
украсен со
срмени
ширити и
китки. Мијачката
машка
народна
носија: 1. Кошула
- од тенко
домашно
памучно
платно. 2. "Жамадан"
- минтан од "свита"
- чова, со
капаци
околу
рабовите
опточени со
машински "тегели"
од жолт и
црвен конец
од макара.
Предниците
и ракавите
украсени со
купечки "петлици"
- копчиња. 3. "Бечви"
- од бела
клашна
насекаде по
рабовите
украсени со
црни
гајтани, од
страните
имаат по два
"жеба" - џеба,
а напред кај
"кутелецот"
има два цепа
за полесно
облекување
на бечвите. 4. Појас -
исткаен од "чиста"
- вишна волна,
четворна
ткаенина со
прави шарки. 5. "Зобанче
зетовско" -
од темна или
црна клашна.
Горна
облека
долга до
појас со "ќулавка"
- широка јака
која се
употребува
како
засолница
од лошо
време, дожд,
ветер и
друго и куси
"рокави" -
ракави,
терзиска
изработка. 6. "Кече" -
капа од црн
сатен,
украсено со
"машински
тегели",
занаетчиска
изработка. 7. "Чипили"
- чевли од
црна кожа.
Чевларска
изработка. 8. Чорапи
- "ластиклии",
плетени од
црна волна.
_________________________________________________________________________________________________
*Во овој
дел
користени
со
материјали
од
публикацијата
"Македонски
народни
носии", во
издание на
Етнолошки
музеј на
Македонија,
од 1963 година,
како и
материјали
од
приватните
колекции на
жители од
село
Тресонче.
|
| TresoncheWeb |