ПЕСНИ

Следните песни старите паметеле дека се пееле во Тресонче. Некои од нив се подзаборавени и нецелосни. Наведените песни во раните деведесети години од 20 век ги кажале Ленка Блажевска - Митревица, Трајанка Арсовска и двете родени во Тресонче), а некои се дел од запишаните фолклорни поезии во земјава кои се дело на мијачките песнопејци и подеднакво ги пејат во целата Мијачија и низ Македонија.

 

 

*. Tu|ozemjaninot                                 

 

Шо си дошол туѓоземјанине,

Ал си дошол оро да играме,

Ал си дошол камен да фрламе,

Ал си дошол вино да пиеме

 

Ни су дошол оро да играме,

Ни су дошол камен да фрламе,

Ни су дошол вино да пиеме,

Tuk su do{ol po ubava moma.

 

 

*. Vetor veet

Ветор веет, гора се лелеет,

Од гора се дробен бисер ронит,

Да нанижет јунак на капа,

И да нанижет коња на грива,

Изникнуват, подникнуват копидан од гора,

Нака поет, нека поет, јунакови татко,

Не е дома, ни брго ќа доет,

Татко ошол во града на пазар,

Да купуват, да купуват вино и пченица,

Извикуват, подвикуват копидан од гора,

Нека поет, нека поет јунакова мајка,

Да наберет, да наберет дробна бисера,

Да нанижет, да нанижет јунаку на коња,

Да нанижет, да нанижет на коњот на грива.

  

*. Izrasle mi eseni jaseni

Израсле ми есени јасени,

Не ми биле есени јасени,

Ток ми биле до три побратими,

Првиот е терзија в одаја,

Вториот е мајстор на кафчија,

Третиот е млади кувенжија,

Да сошиет крстатен бајрак,

Тој шо беше мајстор на кафчија,

Да направит сорок на бајракот,

Тој шо беше млад кувенжија,

Да направит крстот на бајракот.

                                                      

*. Три години сејмен шетав

Три години сејмен шетав,

Из вашето пусто село,

Тебе дома не те најдов,

Да сториме здравој-живо

 Да сториме здравој-живо,

Да је речеш на золва ти,

Да је речеш на золва ти,

Дал го чуват аманетот

 Дал го чуват аманетот,

Аманетот три годишен,

Аманетот три годишен,

Две јаб'лка ѓулабии

 Две јаб'лка ѓулабии,

Ни од ветор одвејани,

Ни од сонце огрејани,

Ни од роса поросени.

  

*. Ајде шо ќа вечер вечераме

Ајде шо ќа вечер вечераме,

Планино руда рудино,

Планино млада невесто

Ајде заколи си рудоно јагне,

Овчаре млади чобане,

Овчаре млади беќаре

Ајде ќа се карат ќеаите,

Планино руда рудино,

Планино млада невесто

Ајде от ќеаи гајле да немаш,

Овчаре млади чобане,

Овчаре малди беќаре

Ајде ќеаите на чардаци седит,

Овчаре млади чобане,

Овчаре млади беќаре

На чардаци седит,

Рујно вино пијет,

Овчаре млади чобане,

Овчаре млади беќаре.

 

*. Киниса моме за вода

Киниса моме за вода,

Со двете стомни во рока

Загреши моме потишча,

Се качи горе в планина,

На димовото бачило

Сите ќеаи станаа,

Димо ќеаја не стана,

И ведро млеко не тури

Димо ќеаја извика,

Овчари млади чобани,

Слезете долу в селото

Слезете долу в селото,

Викнете кума да дојде,

Да го венчаме момето.

  

*. Srce junakovo

Игралито срце јунаково,

Како вино во сребрена чаша,

Како звезда на широко небо,

Како ждребе големо ергеле,

Како јагне во големо трло,

Таке играт срце јунаково.

                                               

*. Po site ~e{mi

По сите чешми и кладенци,

Се кревает чесни крсти,Господи помилуј,

Се кревает Бога молит, Господи помилуј,

Да се родит дар, бериќет, Господи помилуј,

Дар, бериќет, жито и вино, Господи помилуј,

Жито и вино, мед и млеко, Господи помилуј,

Да се ранит сирачиња, Господи помилуј.

 

*. Zamrznale mi devet gemii

Замрзнале ми девет гемии,

Девет гемии с темјан и восок,

Темјан и восок, дрвено масло,

Среде лето, Петрови пости.

(*Оваа се пеела за Свети Никола)

 

*. Dej gidi zmijo {arena

Деј гиди змијо мори шарена,

Не оди мори рано на вода,

Рано е мори вода студена,

Прстите мори ќа ти замрзнет,

Прстите мори ќа ти попаднет.

(*Оваа се пеела кога невестата првпат ја носат на вода)

 

*. Sednala Despa

Седнала Деспа, седнала покрај белего Дунава,

Бела марама везеше и го Дунав к'лнеше,

Дунаве, бели Дунаве, ти да би се разделил,

На дванаесет разделби на тринаесет утеки,

Зашчо ми брата удави сосе млада невеста,

Сосе китени сватови, Деспано, моме Деспано,

Брат ти кабает имаше, кога во црков клепае,

Брат ти сватови береше, кога причесна давае,

Брат ти го Дунав газеше.

 

*. Zadremal Sveti Nikola

 

Zaspal, zadremal Sveti Nikola,

Меѓу два друма, два манастира,

Туј помина Света Пречиста,

В роци носеше сребрено котле,

А, во котлето крст и босилек,

Си го поштрка Свети Никола,

Стани ми, стани Свети Никола,

Сите рисјани во црков дојдое,

Вовчени свеќи в црков палее.

                                                                    

 

*. Nej}et zetot berber da go bri~it

Неќет зетот бербер да го бричит,

Ток ми сакат верни побратими,

Неќет зетот бербер да го бричит

Дур не земет од татко прошчење,

Дур не земет од мајка прошчење,

Дур не земет од браќа прошчење,

Дур не земет од сестри прошчење,

Дур не земет од рода прошчење.

 

*. Прстен ми падна мале отоде река

Прстен ми падна мале отоде река,

Отоде река мале во песочина,

Овчар помина мале тој си го најде

Таксај му, мале, таксај, шо ќа му таксаш,

Таксај му, таксај мале, белото лице,

И да му таксаш мале, фајде си немат

Таксај му, таксај мале црните очи,

И да му таксаш лудо, фајде си немат.

 

*. Tri se snega biet

Три се снега на планина биет,

Еден лански, еден оломлански,

А другиот ми бил годинешен,

Братот шиет сестре антерија,

А невесте срмена главина,

И ја редит петлици, китлици.

 

*. Kitka bosilova

Ој, јуначе китка босилова,

Кој те кител, кој те изнакитил,

Имам татко шо ми гајле брало,

Имам мајка шо ми руво спремало,

Имам сестра шо ми руво диплило.

 

                                      

                                                          

                                                               TresoncheWeb