|
The girl named Sirma is one of the biggest legendary names in Macedonian stories. However, she was a historical person born in the village of Tresonche in 1773, who earned her fame as the first and most popular woman-Vojvoda (fighter for freedom). She lived in the time of the Ottoman Empire, and fought against the suppressors of her people. Many writers identify her character as that of Robin Hood from the english, or Yanoshek from the czech legends. She wore men clothes, and her co-fighters didn't know that their leader was actually a woman. They found that out only after a battle when her bra unbuttoned. She died of old age in the city of Prilep at the age of 85, after getting married with the flag-bearer of her company - Veljo. Today a few streets in Macedonian cities are named "Sirma Vojvoda". |
|
Сирма Војвода (1773 - 1858)
...Коде се чуло видело Моме војвода да одит Со седомдесет ајдути По таа Бистра планина Со три барјаци црвени...
Ова се првите стихови од народната песна "Сирма Војвода" што почнала да се пее во Мијачко откако се раширила веста дека најголемиот водач на ајдуците во тоа време била всушност мома. Таа мома била Сирма, родена на 22 април 1773 година во Тресонче во маалото Врлевци. За многумина народната хероина Сирма Војвода е само уште една легендарна личност од времето на отоманското царство и само уште еден романтичен лик од македонската народна поезија. Но, реалноста е сосема поинаква. Сирма е и историска личност, ќерка на тресончанката Анѓа и на зографот Петре Врлески. Пишаните извори за Сирма се најстарите зачувани документи за некои од поистакнатите Мијаци во минатите два-три века. Постари документи за некој друг до сега не се пронајдени. Легендата за Сирма Војвода би требало да претставува пандан на легендите за Робин Худ во Англија или за Јаношек од чешките планини.
Раѓањето Пролетта во втората половина од 18 век малото детуле Сирма за првпат го здогледало изгрејсонцето од зад "Говедарник" и родениот дел од синото небо и таму ги засакала своите соселани, другари, другачки. Ќерката на самоукиот зограф Петре, кој во својот зографски и ѕидарско-печалбарски занает течно научил да зборува грчки, албански, турски и српски јазик, уште од малечка ги впила големите способности на своите родители. Нејзината мајка Анѓа била невидена мајсторица за ткаење и везење, а долгите зимски ноќи ја направиле и одлична раскажувачка на гачки од минатото што кај малата Сирма внело страст за минатото, за храброста и пожртвуваноста на своите предци кои постојано биле на удар од разбојничките банди. Везејќи í го невестинското руво "за коа ќа доет време за можење", мајка í Анѓа не ни сонувала дека нејзиното детуле Сирма ќе се омажи дури откако ќе заврши со еден ајдучки живот во четириесетата година од животот. Таквиот живот тогаш уште не се ни претчувствувал. Семејството на Петре немало други деца, па Сирма била приморана подеднакво да им посветува внимание и на женските и на машките домашни обврски. Тоа особено било потребно откако стариот дедо, таткото на Петре, повеќе не бил во можност да работи и товарен со годините можел само да раскажува за годините понапред. Еден ден додека Сирма ги слушала прикажните на дедо си, Тресонче навистина го опколиле разбојници. Зографот Петре се прибрал дома и најбрзо што можел семејството го засолнил во Голем Дол, месност малку оддалечена од Тресонче на падините на планината Шкрка. Оттаму брзо-брзо ги преместил во пештерата Алилица оддалечена на час и половина од селото. Кога по два дена Петре се вратил во Тресонче затекнал запустени куќи и запалени племни. Сирма попусто го барала невестинското руво, за кое мајка í потрошила деноноќија за шиење, ткаење и везење. Тука се нашла и мајката на нејзината најдобра другарка, Ружа. Жената во плач раскажала дека Ружа ја одвеле арамиите заедно со уште неколку други девојки од селото. Сето тоа само ја зголемило нетрпеливоста на Сирма кон качачките банди. Во тие мигови кај неа изгледа дека се појавила намислата како да се одмазди за неправдите, со што наполно ñ се изменил животот.
Sirma stanuva vojvodaНо, сепак, таа никому не му ја кажала својата намисла. Се сетила дека на планината Стогово во месноста Гороцветно поле за следниот Ѓурѓовден мажите велеле дека ќе се соберат сите оние на кои зулумџиите им го докрајчиле животот, за да постројат ајдучка дружина која ќе се бори со разбојниците. Без да знаат родителите, следната година таа се облекла во бечвите на татка си и заминала на Стогово, планина што стои една до една со Бистра. Околу седумдесет Македонци - Мијаци се нашле на договореното место. Доаѓале од сите мијачки села во доброволен ајдутски строј. Како што понапред било договорено, средбата се случила на пролет, на денот Ѓурѓовден во 1791 година. Тогаш Сирма имала 18 години. Стројот
од Мијаци -
ајдуци (фото
- долу лево) чекал
наредба за
почеток на
дејствувањето,
за враќање
на честа на
своите
мајки,
невести и
сестри.
Запишано
- Да ни е жив и многу години да нî води во битки, со душмани на овој народ - се согласиле сите седумдесет мажи. Тогаш Мицо го прегрнал избраниот војвода и му ја бакнал раката, а потоа сите дале заклетва дека ќе се стават во одбрана на својот крај од сите качачки и турски злосторници и оти за тоа нема да ги жалат животите. Кога Сирма станала пред стројот од пазувите извадила мијачки бајрак, навезен со црвена коприна и му го предала на избраниот знаменосец Вело Шпиров Крушевчанецот - Мијак од најстарото крушевско маало. Предавајќи му го бајракот Сирма му рекла: "Овеа е знамето на нашава ајдучка дружба. Ќа го развиваш само коа ќа напаѓаме и ќа го чуваш како очите во главата. Може сите да загинеме до еден, ама тие шо ќа доет по нас ќа требет да го преземет и да го виет како свидетли на нашите чесни дела". Така започнала новата страница од животот на Сирма Војвода, која по она што оставила зад себе претставува урнек на највисоките слободарски чувства и дострели на жена - ајдук од мијачките простори. Таа ајдукувала 23 години без никој од нејзината дружина да дознае дека не е маж. Во тоа време се велело дека на војводата му нема рамен на храброста и на подвизите, поради што подоцна се родиле и многу легенди. Тие укажуваат дека Сирма се носела рамо до рамо со мажите на разни натпревари: во фрлање камен, скокање во далечина, стрелање. Особено останало да се раскажува кога Сирма стрелала низ неколку прстени наредени еден до друг и обесени со конец на една гранка. Под нејзиното раководство нападите против разбојниците се изведувале брзо, прецизно и со невидена храброст на целата дружина без прекин од 1791 до 1813 година, кога Сирма ја предала дружината на друг. Успешното изведување на акциите било можно поради нејзината бистрина, способност и храброст, како и поради големата поддршка што им ја давале селаните од целата Бистра. Особено значајно биле нејзините добро одбрани јатаци кои во секоја прилика им овозможувале засолниште, обезбедувајќи им храна, облека и лекови за време на ајдучкиот век на Сирма. Пишаното вели дека еден ден í се скинале неколку копчиња од кошулата и така било откриено нејзиното моминство. Се вели дека ајдуците дознале дека е женско дури откако дружината се растурила, а Сирма се омажила за Вело Шпиров, бајрактарот.
Smrtta vo
Prilep
Тресонечката војвотка планината ја напуштила во октомври 1813 година кога станала невеста на четириесет години. Со Вело заминале во Крушево и таму живееле долго време. Подоцна се преселила во Прилеп и таму умрела во својата 85 година од животот во 1858-то лето. Била погребана со најголеми почести, а прилепчани излегле во голем број за последен пат да се поздрават со големата Сирма Војвода. Времето го направило своето и кај новите генерации тресончани за неа останале само бледи сеќавања. Од податоците до кои дојдовме, се дознава дека Сирма одлично се познавала со Димитар Миладинов, но за жал ниту во неговите книги и дела тој не споменал подетални моменти од нејзиниот живот. Останала напишана само една куса белешка која во целост гласи вака: "Сирма се роди во дебарското село Тресонче. Бидвешчем под машко облекло, обходи как војвода планините Бабин Трап, Стогово, Барбара, Крчин. Момците кои таја ги водеше ја узнаха како девојка кога í се скинаха петлиците од градите". Многу историчари и нашинци до ден денеска многу жалат што Димитар Миладинов, кому лично Сирма му раскажувала за својот живот, најверојатно пропуштил да запише многу повеќе податоци за неа или можеби такви писанија некаде сî уште постојат, но чекаат да бидат пронајдени. Таа можност нека биде предизвик за сегашните и за идните генерации да се заложат и да пронајдат повеќе податоци и преданија за нејзиниот живот, зашто делата досега сосема логично влијаат личностите да станат легенди, а Сирма Војвода е историска вистина за Тресонче и за цела Македонија.
________________________________________________________________________ (Pove}e informacii za `ivotot na Sirma Vojvoda mo`e da se pronajdat vo knigata "Antologija za mija~kite velikani", tom 1, od viceadmiralot Kuzman Smileski - Bradina, n.z.). TresoncheWeb
|