|
Манастир
Трескавец
На
десетина
километри
од Прилеп во
прегратките
на
грамадните
камења на
Златоврв,
постои
црквата на "Успението
на
Богородица",
која заедно
со конаците
и
трпезаријата
на
манастирот
Трескавец,
го напојува
овој
необично
живописен
предел со
духовна
смиреност.
Височините
ви го даваат
еден од
најубавите
погледи над
цела
Пелагонија,
на
планините
Пелистер,
Бабуна и
Кајмакчалан,
а во
квечерините,
уличните
светилки на
Крушево ја
белеат
далечината
на
хоризонтот.
Манастирот
Трескавец.
за кој се
смета дека е
патрон по
кој
Тресонче го
добило
името, се
смета дека е
подогнат
во
13 век за
време на
владеењето
на
византиските
цареви
Андроник
Втори и
Михајло
Трети, кои
според
фреско-натписот
поставен
кај
влезниот
портал, се
први
донатори на
овој
манастир.
Неговата
сложена и
разнообразна
архитектоника
укажува на
фактот дека
манастирот
бил и
разрушуван.
Најверојатно,
Трескавец
бил обновен
во 14 век за
време на
српскит
крал
Милутин.
Црквата
во основата
е
еднокорабна
со наос
надвишен со
купола и
разделен со
пиластри на
неколку
траеви.
Однадвор,
олтарната
апсида на
исток е
тристрана.
Под
длабокиот
слој
малтерисани
ѕидови од
северниот
параклис,
видливи се
фрески Што
датираат од 14
век. Од овој
век е и
припратата
со двете
куполести
кули,
сместени на
западниот
дел од
храмот.
Фрескоживописот
во храмот "Света
Богородица"
го
сочинуваат
фрески од
различни
временски
периоди.
Најстари се
оние на
ѕидовите во
просторот
на двете
кули, од 11 век.
Тие
илустрираат
теми на
календар и
на
светители
претставени
во полна
големина.
Ктиторските
портрети
што се
наоѓаат на
источниот
ѕид во
јужниот
трем се
насликани
во втората
половина на 14
век. Ликот
Света
Богородица
е насликан
во нишата на
јужната
врата на
наосот.
Според
зографската
техника
оваа фреска
му припаѓа
на периодот
од 15 век.
Впечатливи
се и
фреските на
крушевската
зографска
тајфа од 19
век.
Манастирот
Трескавец
располага и
со други
вредни
предмети,
меѓу кои се
оние
изведени во
плитка
резба:
двокрилната
врата и
царските
двери од 16
век, крстот
Космитос од 17
век, како и
останатите
предмети:
певницата,
бројните
празнични
икони и
иконите на
апостолите
од 17 и од 18 век.
За
големото
религиозно
и културно
значење што
го имал
манастирот
Трескавец
народот во
прилепско
раскажал и
една
легенда за
постанокот
на името. Таа
зборува
дека на
денот на
Света
Богородица
прилепчани
и варошани
биле
собрани во
црквичката
"Пречиста",
да го
означат
овој светол
ден. Додека
траеле
богослужбата
се задал
силен
тресок кој
удрил врз
манастирот.
Утрината
похрабрите
селани,
добро
наоружани
отишле да
видат какво
чудо се
здало таму.
Кога влегле
во
манастирот,
селаните
виделе ѕвер
убиен врз
коските на
монасите во
костурницата.
После тој
настан,
жителите го
поправиле
манастирот
и тој
заживеал
како и
порано.
Оттогаш
овој
манастир,
поради
силниот
тресок, го
носи името
Трескавец.
Има
и друго
толкување, а
се врзува за
молњите и
громовите
што паѓале
на Златоврв
и трескале.
Тресоците
се слушале
многу
далеку, па
затоа и
манастирот
го добил
името
Трескавец. И
ден денеска
кога има
големо
невреме,
громовите
паѓаат на
тоа место со
невиден
трескот.

TresoncheWeb |