|
The inhabitants of Tresonche are Orthodox Christians since the very coming of the Miyak tribe many centuries ago on the mountain of Bistra. In the village there are three churches and two holy places. The main church is "Saint Peter and Paul", and then "Saint Nicholas", and "Saint Petka". They are built in the 19th century. |
Православните
црковни
објекти во
Тресонче
|
Жителите
на Тресонче
биле
православни
верници
уште од
најраните
денови на
населувањето
на Мијаците
на
планината
Бистра.
Близината
на
манастирот
"Свети
Јован
Бигорски"
отсекогаш
вршел
големо
влијание
врз
воцрковувањето
на жителите
од Мала Река,
а преку тој
манастир
Мијаците
развивале и
директни
врски со
светогорските
манастири
на Атос, а
особено со
манастирот
"Зограф" ("Свети
Ѓорѓи"), каде
во минатото
се замонашувале
голем
број Мијаци
и Македонци
воопшто. Според
проучувањата,
во Тресонче
до сега не се
пронајдени
остатоци од
постоење на
другите
религии
пред
христијанството,
а со тоа не се
пронајдени
ниту
остатоци од
пагански
храмови или
светилишта.
Сепак, во
народните
обичаи се
зачувани
голем број
нехристијански
обреди кои
се
својствени
за целата
територија
на
Македонија,
а се
поврзуват
со разните
адети кои се
практикуваат
спроти
големите
православни
празници. Во
Тресонче
моментно
постојат
два
централни
православни
храма кои се
под
надлежност
на Дебарско-киче
Во
денешни дни
во
тресонечките
цркви, за жал,
не се служат
богослужби
и литургии.
Тоа се
случува
највеќе
еден пат
годишно,
односно на "Петровден"
во
храмот “Свети
Петар и
Павле”. Hram "Sveti Nikola"
Се
наоѓа во
непосредна
близина на
Ленишча, на
западните
падини од
селото.
Градена е кон
крајот на 19
или во
почетокот
на 20
век.
Претставува
мал, складно
граден
објект, по
концепција
еднокорабен,
со
централно
поставена
купола на
низок
тамбур.
Ориентацијата
на храмот е
исток (олтарна
апсида) -
запад.
Самата
содржина на
објектот
претставува
минимален
простор за
вршење
верски
обреди и ги
содржи
следните
елементи:
n Влез
директно во
објектот n
Централен
дел - наос n
Олтарна
апсида со
ниши за
проскомидија
и ѓаконикон,
одделени од
наосот со
иконостас n
Хорска
галерија на
запад Над
централниот
дел е
поставена
куполата
над
осумаголен
тамбур, на
височина од
4.5 метри над
слемето на
покривот.
Забележителни
се
конзолните
испусти на
јужниот ѕид
над
влезната
врата, што
укажува на
тоа дека на
јужниот дел
од храмот
постоел
наткриен
простор -
трем, кој
денес не
постои.
Во
внатрешната
декорација
и
обликување
на
просторот
видно место
зазема
иконостасот
кој е се уште
добро
зачуван, а
исто така
има и мали
остатоци од
фрескоживописот
кој пак е во
доста лоша
состојба.
Отворите на
осмоаголниот
тамбур
придонесуваат
за
придушено
базиликално
осветлување.
Според
начинот
на градење,
храмот "Свети
Никола"
е граден
со камен (највеќе
во бигор), без
малтерисување
се до
покривот,
додека на
изведбата
на самиот
тамбур е
посветено
поголемо
внимание.
Тој е граден
со
попрецизно
клепани
блокови од
бигор
фугирани со
малтер.
Камени
клепани
блокови
бигор се
употребени
и за
обликување
на
прозорските
отвори и
врати.
Белината на
бигорот
јасно ги
отцртува
овие
елементи и
до ден
денеска му
дава
свежина на
објектот. Во
денешни дни
прозорските
отвори во
призмениот
дел се
затворени
со дрвени
капаци од
внатре, но сé
уште
постојат
заштитните
решетки од
ковано
железо, со
убави
барокни
форми. Примарниот
кровен
покривач
бил изведен
од камени
плочи, но
денеска
храмот е
целосно
препокриен
со
пластифициран
ребрест лим. Имајќи
ги предвид
непроценливите
вредности
на
архитектонското
наследство
од црковни
објекти во
Тресонче,
експертите
сметаат
дека
досегашната
грижа на
државата за
нив е
премала или
никаква.
Сите
интервенции
за заштита
на храмот “Свети
Никола” се
плод на
грижата на
тресончани
и на
семејствата
кои живеат
околу него.
Hram "Sveti Petar i Pavle" Местоположбата
на оваа
црква е сред
село, а тоа
наведува на
заклучок
дека е
главен
православен
храм во
Тресонче.
Таа
претставува
пример на
типична
селска
црква која
со својата
големина (најголем
црковен
објект во
селото) ги
задоволувала
потребите
на
верниците.
Соѕидана
е во 1844 година
по една
голема
пауза при
градењето (најверојатно
од околу
десетина
години),
односно
додека
ктиторот
Сарџо
Брадиноски
бил на
заточение
во Призрен.
Храмот е
добро
сочуван и
повремено
служи и за
вршење
литургии (на
Петровден).
По содржина
црквата
претставува
најосновен
облик на
христијанска
трикорабна
бескуполна
базилика и
ги содржи
следниве
елементи:
n
Трем - како
издвоен дел
пред
објектот
лоциран на
западната
страна n
Централен
дел - наос n
Олтарна
апсида со
ниши за
проскомидија
и ѓаконикон,
која е
одвоена од
наосот со
иконостас. Западниот
дел од
храмот
содржи и
хорска
галерија до
која се
доаѓа преку
внатрешни
дрвени
скали
построени
во наосот,
односно
сместени во
левиот агол
на
западниот
дел од
наосот. До
оваа
галерија
има и
директен
пристап од
надвор
преку
камени (бигорски)
полокружни
скали.
Храмот
е граден
исклучиво
во камен со
дебелнина
на ѕидовите
од 80 см, освен
западниот
ѕид кој
изнесува 50 см.
Завршетокот
на
северниот и
јужниот ѕид
е изведен со
конзолни
камени
сегменти (бигор)
кои ја
прифаќаат
стреата, а
истовремено
формираат и
завршен
венец на
ѕидот,
додека
прозорските
отвори се
обликувани
со камени
блокови
бигор со
лачен облик
во горниот
дел од
прозорскиот
отвор. Впечатливи
се и
симболите
кои
градителот
ги вдлабнал
во два
камени
блока од
северниот
ѕид. Првиот
симбол
претставува
змија и се
наоѓа на
левиот
аголна
ѕидот во
горниот дел.
Вториот
симбол е една
птица,
а таа се
наоѓа во
десниот
агол на
ѕидот во
долниот дел. Што
се однесува
до подот на
храмот, тој е
изведен од
мермерни
плочи на
подлога од
набиена
земја со
декоративно
поставување
во вид на
шара во
средишниот
дел. Подот на
хорската
галерија е
изведен со
широки
дебели
штици
заковани
директно за
градите од
меѓукатната
конструкција. Првичната
покривна
конструкција
на храмот
била
изведена со
камени
плочи (носени
од Брзовец)
поставени
на подлога
од кал и
оплата од
штици. Во
поново
време
кровот беше
заменет со
салонитни
табли, но и
тие се
отстранети
и на нивно
место е
поставен
пластифициран
ребрест лим. Во
состав на
храмот “Свети
Петар и
Павле” се
наоѓа и
камбанерија.
Построена е
на јужната
страна
блиску до
влезот што
води кон
хорската
галерија.
Обликувањето
на кровниот
покривач на
камбанеријата
е изведено
со оловни
плочи, што
одговара на
шпицестата
закривеност
на самиот
облик на
кровот. Двориштето
на храмот е
заградено
со камена
ограда
висока
околу 2 метра,
а покрај
камбанеријата
изградена е
и камена
чешма. (Најголемиот дел од записите се дело на Љупчо Филиповски и Владимир Бошковски и претставуваат дел од каталогот “Православен храм Свети Апостоли Петар и Павле”, село Тресонче, во издание на Музеј на Град Скопје, јуни-јули 1995 година, н.з.).
TresoncheWeb
|