MAJOVCI

                                                                                                                                                        

Zurlite, topanite, kavalite, {upelkite i `i~anite prim~iwa bile muzi~kite instrumenti na koi se svirelo niz Mija~ijata.

Музичкиот состав "Мајовци" претставува врв на фолклорниот музички израз во мијачкиот регион на Македонија. Во минатото не се паметеле свадби, прослави или други свечености во Тресонче, Селце, Галичник, Росоки, Гари, Осој, Лазарополе или во другите мијачки села без присуство на познатите свирачи на зурла и топан - Мајовци. Гарецот Мајо и лазоровецот Исак биле водачи на групата, а ним подоцна како постојани членови им се приклучиле лазоровецот Исљам (син на Мајо) и Дине (син на Исак). Исак и Дине свиреле на топан, а Мајо и Исљам на зурла.

Снимките што се наоѓаат на ова место потекнуваат од единствениот тонски запис на Мајовци, снимен по Втората светска војна. Записите беа пронајдени во последен момент во доста лоша состојба, но со студиска обработка на тонот му е вратен значително подобар квалитет. Тонските записи јавно ги поставуваме со одобрение на семејството на Мајо.

Според многумина етнолози и фолк-музичари, Мајовци го имаат достигнато најдобриот уметнички израз на познатите мијачки ора "Манукот" и "Тешкото" и нивната изведба треба да претставува урнек за свирењето на тие наши ора.

Во Дебар денеска живејат потомците на познатите Мајовци, кои и понатаму се надарени свирачи на зурла и топан.

TresoncheWeb

                                                                                                                                                                   

   Тешкото     Манукот-зетовското     Тргна моме на вода   Кога се оди по топаните     

Одење по невестата

   Свекрвино оро     Кога се оди на венчавање     Жангурица     Мијачко право орO 

Беранчето-малисората

                  Чамче мијачко     Скудринка