
*Скиците
на обработените
објекти
може да ги
погледнете -
TUKA
Објектите
за живеење
во Тресонче
со тесно
поврзани со
начинот на
живеење и
дејноста со
која се
бавеле жителите
на
селото.
Сточарството
било
основно
занимање во
овие краеви.
Како
сточари, во
прво време
останувале
по богатите
пасишта на
Бистра само
во летниот
период,
враќајќи се
на зима.
Престојот
во летниот
период бил
исклучиво
по бачилата,
трлата и
колибите. Но,
со време
одделни
членови на
првите
мијачки
племиња кои
се
населувале
на Бистра
уште во
времето на
византиското
царство, не
ги
напуштале
планините,
туку
останувале
на падините
на Бистра
преку цела
година,
градејќи ги
своите први
живеалишта
од цврст
материјал.
При
пручувањето
на градбите
на куќите во
овој регион
на Мала Река
се
констатира
дека
начинот на
градењето,
како и
функционалниот
третман на
куќите во
долнореканските
села, се
разликуваат
од
горнореканските.
Првите биле
градени од
послаб
материјал и
највеќе
било
развиено
приземјето,
имајќи го
предвид
полјоделството
како нивна
основна
животна
гранка.
Развојот
на т.н.
приватни
овчарски
куќи како
основа за
нејзините
натамошни
обликувања,
резултира
како во
нејзината
функција,
така и во
архитектонскиот
изглед.
Градењето
на овие
вторите се
одвивало на
високите
планински
падини и на
терасести
површини.
Еден
друг мошне
интересен
аспект е
поделбата
на куќите на
ќеајски (сточарски)
и
печалбарски
(мајсторски).
Натамошниот
развој на
овие
станбени
објекти
исто така се
темели на
уште една
значајна
карактеристика
што е
несомнено
поврзана со
традицијата
кај
Мијаците
кога
семејствата
се
прошируваат
или кога
децата (посебно
машките) се
женат. Во
таков
случај
секој нов
брак се
решавал со
градба на
нова куќа,
така што
татковото
огниште
останувало
само за
најмалиот
син.
Ако
тешките
услови
за живеење
ги терале
луѓето од
Тресонче да
му се
оддадат на
печалбарскиот
живот,
разбирливо
е дека во
селото
повеќето од
жителите
кои
останувале
в куќа во
текот на
целата
година биле
жените,
децата и
старите
лица. Тие
останувале
сами од рана
пролет до
доцна
наесен,
односно во
времето
кога мажите
заминувале
во туѓина,
враќајќи се
накратко во
зимските
месеци или
понекогаш и
по неколку
години.
Ваквата
состојба
била
причина за
чести
напади од
качачки
разбојнички
групи кои
најчесто
доаѓале од
територијата
на Албанија
и ги
ограбувале
мијачките
села. За
одбрана од
нив низ
Тресонче и
воопшто низ
сите други
села од тој
регион,
почнале да
се градат
масивни
камени куќи
(кули) со
дебели
ѕидови, со
мали врати и
прозорци и
со
задолжителни
пушкарници (тесни
отвори на
фасадните
ѕидови) кои
биле места
од каде
домашните
се бранеле
кога некоја
од бандите
ќе ја
сардисала
куќата или
целото село.
Сите
овие
елементи,
функционалноста,
климата и
безбедноста
имале
главно
влијание
врз
развојот на
архитектурата
и
обликувањето
на
натамошните
постројни,
побогати и
архитектонски
посложени
кули.
Куќите
во Тресонче
се граделе и
се уште се
градат од
цврст
материјал,
најчесто од
камен (варовник,
бигор или
шкрилец -
лиска), во
кал
однадвор и
малтерисани
и варосани
со бело, од
внатре.
Ваквиот
третман на
градење
овозможува
и развивање
на
функцијата
и по
височина,
поради што
среќаваме
објакти со
по еден, два
или три ката.
Се разбира
дека
големината
и обемот на
една
станбена
куќа на
одделни
семејства
зависеле и
од
материјалната
состојба,
вклучувајќи
ја
надврешната
и
внатрешната
обработка,
така што
објектот
добива и
различен
архитектонски
израз.
Можат
да се
констатираат
неколку
елементи
кои се битни
и заеднички
за куќите во
Тресонче:
1.
Лоцирањето
на куќата на
платоа каде
се користи
конфигурација
на
планинскиот
терен,
формирајќи
повеќе
маала
амфитеатрално
поставени
кон
централниот
дел на
селото - “Ленишча”.
2.
Ѕидање во
камен (варовник,
бигор или
шкрилец -
лиска) и
дрво, како
локални
градежни
материјали.
3.
Обработка
на ѕидови -
фасади во
камен,
малтерисани
најчесто
после
приземниот
дел - клетот,
на подлога
од лескови
пречки со
кал,
измешана со
слама (бољме)
или
животински
влакна.
4.
Покривање
со тенки
камени
плочи со што
извонредно
се
вклопуваат
во
природиот
амбиент.
5.
Внатрешната
обработка
на
просторот (ентериерот)
е изведена
со
малтерисување
со кал и
варосување
со гасена
вар, со
вклопување
на
функционални
елементи
како што се:
камари,
долапи,
мусандри и
сл. Во
централната
соба (в куќи)
неизбежно е
огништето,
со обесено
котле,
врзано со
синџир за
баџата или
за плафонот,
каде има
директно
видливи
греди.
При
крајот на 18 и
почетокот
на 19 век
градбата на
објекти за
живеење од
цврст
материјал
станала
неопходна
потреба,
така што и
ден денес (2004
година, н.з.)
во Тресонче
постојат
куќи со
старост од 100
до 300 и повеќе
години. Едни
од
најстарите
во селото се
куќите на
Дуншуровци (под
црквата
Свети
Никола) и на
Мержановци
во маалото
Кадиевци.
Тие имаат
повеќе од 300
години, но и
понатаму се
користат за
живеење.
Во
подолните
редови
следуваат
примери на
неколку
постари и
поспецифични
тресонечки
куќи (на
родовите
Огненовци,
Рунтевци,
Треневци и
на
Мержановци),
за нивната
построеност
и
функционалност.
1.
Куќата на
Огненовци
во маалото
Јодровци
Староста
на оваа куќа
се
проценува
на нешто
повеќе од 200
години. Се
наоѓа на
југо-запад
од
централниот
дел од
селото. Таа
и денеска е
најголема
куќа во
Тресонче и
има три ката
(П+2). Се
развива во
височина со
приземје и
два ката од
кои
приземјето
и првиот кат
се ѕидани во
камен, а
вториот кат
е изведен во
бондрук, со
делумно
изведени
ѕидови од
камен. Во
приземјето
се сместени
исклучиво
просториите
кои служеле
за чување на
добитокот
со директни
влезови од
двориштето,
при што
истите се
поврзани
меѓу себе.
Од самата
основа се
согледува
прецизната
поделба на
куќата на
половина,
што е јасно
имајќи го
предвид
фактот оти
таа им
припаѓала
на двајца
браќа.
На
катот
забележуваме
неколку
простории
што пак
претставува
и една
побогата
содржина.
Истовремено
тоа е и
доказ за
една
поразвиена
станбена
култура. Тоа
се
просториите:
Кујна со
огниште,
остава
и
една одаја
за спиење,
најверојатно
користена
повеќе во
зимскиот
период,
бидејќи
овој ка
претставува
и
најизолиран
дел од
објектот и
овде
среќаваме
вдлабнувања
во дебелите
камени
ѕидови, кои
се користат
за плакари и
чување
најразлични
предмети. На
вториот кат,
кој е
изведен во
бундручна
конструкција,
среќаваме
една
побогата
содржина,
која секако
одговарала
на бројот на
члановите
на оваа
фамилија.
Тука се
наоѓа делот
“в куќи”, како
просторија
за престој и
исхрана и
три одаи за
спиење. Се
разбира
дека сета
досега
спомената
содржина се
однесува и
на вториот
дел од
куќата.
Подот во
сите
простории
од првиот и
вториот кат
е изведен од
штици, кован
директно на
гредите од
меѓукатната
конструкција.
И на овој,
посебен кат,
во
изведувањето
на
ентериерот
и неговото
естетско
обликување,
важна улога
имаат
употребените
елементи од
народната
архитектура,
како долапи,
камари,
мусандри и
сл. кои
наменски и
со чувство
за убаво се
вклопени во
просторот.
Во
архитектонскиот
израз на
објектот,
несомнено,
важна улога
игра и
поставениот
ритам на
прозорски
отвори како
и
прекршувањето
на објектот
по должина,
така што
доста
големиот
волумен на
објектот не
се
чувствува
тешко. Може
да се рече
дека според
концентрацијата,
до некаде,
овој објект
се
доближува
до
старогрчкиот
тип куќи,
претставен
во куќата на
браќата
Робевци од
Охрид.
Начин
на градење и
употребен
материјал
Користејќи
ги
природните
услови на
теренот и
можностите
што се
нуделе со
користење
на локален
материјал,
овдешните
неимари со
големо
чувство и
вештите
сето тоа го
искористиле.
Пред се
каменот (бигор,
варовник,
шкрилец-лиска),
а
познавајќи
ги неговите
особини, во
најголем
степен е
користен
како
материјал
за
оформување
на темелите,
потпирачки
ѕидови, за
покривање (како
камени
плочи),
скали (надворешни,
внатрешни),
подови,
камени
огради и
поплочување
"пред куќи"
и др.
Користејќи
ги сите овие
негови
особини,
народниот
градител
знаел дека
со “масата”
на
елементите
се
постигнувала
носивоста и
трејноста
на истите.
Притоа,
сретнуваме
масивни
ѕидови од
камен
врзани со
кал или
варов
малтер со
дебелина од
50 до 10 см. За
зајакнување
на ѕидовите
по височина
се
употребувани
"либажни"
слоеви од
дрвени
греди, т.н. "кушаци".
Истите се
поставуваат
на височина
и меѓусебно
растојание
од 80 до 10 см
видливи од
надвор или
скриени во
масата на
ѕидот.
Најчесто,
каменот
применет за
оформување
на
надворешни
ѕидови е
видлив, без
малтерисување,
при што со
голема
умешност се
ѕидани и
спојките на
аглите, каде
се
употребувани
правилни
тесани
врзници од
поголеми
димензии
кои на
објектот му
даваат и
една
поголема
визуелна
статичност.
Карактеристично
е дека со
камен е
ѕидан
приземниот,
а некаде и
првиот кат,
доколку
објектот
бил граден
на два или
повеќе ката.
Меѓутоа,
интересно е
да се
спомене
дека како по
правило
северната
страна на
објектот,
која е
најстудена,
била ѕидана
од камен се
до
покривната
конструкциа,
без или со
сосема мали
отвори.
Покривот во
овие краеви
како по
правило е
обликуван
само од
камени
плочи (шкрилец),
кои имаат
карактеристична
темно-сива
или светло-сребрена
боја, со што
извонредно
се вклопува
во
природниот
амбиентна
теренот во
Тресонче,
слевајќи се
со
карпестиот
и ридест
релјеф и
зеленило,
формирајќи
притоа
вонредно
дополнување
на
природната
средина.
Овде, се
разбира,
покривниот
покривач е
употребен
на
четвороводни
покриви, кои
во најголем
процент се
застапени
кај овие
објекти.
ДРВОТО,
како стар
традиционален
градежен
материјал,
нашло многу
широка
примена.
Покривот и
меѓукатната
конструкција,
бондручната
конструкција
на катовите,
столаријата
(дограма),
подовите,
оградите
надвори
внатре,
скалите,
обликувањето
на
ентериерните
функционални
елементи (долапи,
камари и др.),
плафоните
во одаите и
посебно
оформувањето
на носивни
елементи
над вратите
и
прозорците,
речиси
секогаш се
изведени од
дрво.
Најчесто
употребувано
дрв во
Тресонче е:
буката,
дабот,
крушата,
леската и
црешата.
Карактеристична
е и
заштитата
на
приземните
прозорски
отвори со
железни
решетки,
изведени од
ковано
железо са
најразличи
“барокни”
форми.
-
Начин на
изведба
кога
преплетот,
од цепени
тенки
штички, е
поставен од
двете
страни
директно на
елементите
од
бондручната
конструкција,
(столбови и
косници),
при што се
формира
воздушен
слој меѓу
двата реда
на штички и
кои
несомнено
имаат добра
термо-изолациска
моќ.
Обработката
од надвор и
од внатре е
иста како и
при првиот
случај: со
кал обоена
во бело.
2.
Куќата
на Рунтевци
во маалото Кадиевци
Како
типичен
пример на
основен
облик на
станбен
објект од
ова село и
крај, е
куќата на
Петре
Блажески -
Рунте, која
се наоѓа во
маалото
Кадиевци, од
десната
страна на
Тресонечка
Река.
Карактеристично
е дека
просторот
во
приземјето,
наречен
клет, служел
за
сместување
на следниве
содржини:
n
Влез во трем
каде е
лоцирана
вертикална
комуникација
како топла
врска со
катот.
n
Простирии
за
сместување
на добиток:
крави, коњи,
кози и овци.
n
Простории
за
сместување
храна.
n
Просторија
со директен
влез од
надвор,
наменета
како
продавница -
дуќан, што
укажува на
тоа дека
овие
сопственици
се
занимавале
и со
трговија.
На
катот
исклучиво
се наоѓаат
простории
од станбен
карактер,
односно
спални соби
(одаи) и соба
за дневен
престој “в
куќи”, каде
задолжително
е присутно
огниште со
карактеристично
обесено
котле со
вода. Како
врска на
сите овие
простории
претставува
затворениот
чардак во
кој се
сместени
дрвени
скали. Од
самата
основа
можат да се
забележат
споменатите
функционално-естетски
елементи на
објектот и
тоа:
n
Над
складишниот
простор на
катот е
функционално
искористен
долап-орман.
n
На ѕидовите
од чардакот
и одаите се
наоѓаат
камари кои
некаде се
отворени, а
во повеќе
случаи и
затворени
со дрвени
капаци чија
практична
вредност и
денес се
користи во
современиот
третман на
ентериерот.
3.
Куќата
на Треневци
во маалото
Кадиевци
Пример
за основен
облик на
станбен
објект во
Тресонче
претставува
и куќата на
учи
телот
Тренески од
Кадиевци. Овој
објект се
развива на
две нивоа:
Клет и кат
со
простории
за живеење.
Влезот на
објектот е
директно во
приземјето
и веднаш е
видлива
вертикална
комуникација
од
дворските
скали.
Од
тремот во
приземјето
се влагува
во четири
простории
кои служат
за
сместување
на добиток и
храна. И
овде
народниот
градител на
најдобар
начин ја
користи
конфигурацијата
на теренот.
На
катот е
забележливо
дека
распоредот
на
просториите
за живеење
го следи
распоредот
од
приземјето,
така што
преградните
и потпорни
ѕидови од
катот се
поставени
директно на
потпорните
ѕидови од
приземјето.
На катот ја
забележуваме
следнава
содржина:
n
Куќа -
просторија
за дневен
престој и
приготвување
храна.
n
Одаи -
простории
кои служат
исклучиво
за ноќен
престој.
Складноста
и
пропорциите
на објектот,
како во
основа, така
и во третата
димензија,
пред се
покажува
дека
мерилото -
човек и овде
е присутно.
Исто така
видлив е и
еден
хармоничен
ритам на
прозорци
кои го
олеснуваат
катот и
овозможуваат
визури на
сите страни,
имајќи ја
предвид
прекрасната
околина.
4.
Ku}ata
na Mer`anovci vo maaloto Kadievci
Типичен
објект од
ова село кој
остава
мошне силен
впечаток,
како според
функционалниот
третман,
така и
според
својата
надворешност
е куќата на
семејството
Мержановци, лоцирана
исто
така во
маалото
Кадиевци, од
десната
страна на
Тресонечка
Река. Според
прикажувањата
на старите
жители, оваа
куќа е една
од
најстарите
во селото, а
нејзината
старост се
проценува
на над 350
години и сé
уште е во
целост
функционална.
Куќата
претставува
објект од
приземје и
кат.
Приземјето (клет)
е ѕидано во
камен и
содржи
простории
за добиток (котар)
и простории
за чување на
разни
предмети. Интересно
е дека овие
два типа
постории
имаат
засебен
директен
влез од
надвор со
оформен
отворен
трем.
Забележуваме
влезна
полна
дрвена
врата која
всушност
излегува
директно на
надворешниот
ограден ѕид.
На
катот од
објектот се
влегува со
посебни
надворешни
дрвени
скали кои
формираат
мал дрвен
чардак како
наткриен
подест, од
кој се
влегува во
затворен
простран
чардак. Од
овој
поголем
простор кој
служел за
престој во
летните
месеци од
годината, се
влегува в
куќи,
поврзана со
мала кујна и
една одаја.
Забележуваме
и низа
функционални
елементи во
ентериерот
како долапи
и камари.
Подовите
на катот се
од набиена
земја над
оплата од
штици, освен
на чардакот
каде имаме
видлив под
од штици.
Најинтересниот
елемент и
дел од овој
објект за
нас секако е
затворениот
чардак. Од
јужниот и
западниот
дел тој има
отвори
опшиени со
широки
первазни
штици кои по
потреба се
затвораат
со дрвени
капаци што
значи дека
немаме
затворање
со
застаклување,
туку еден
вид
затворен
чардак кој
во еден
момент може
да
претставува
и отворен
чардак. Без
сомнение,
ваков
третман на
овој
простор бил
условен од
потребата
да се
заштитат од
природни
временски
непогоди, а
сепак да не
се наруши
директниот
контакт
човек -
природа.

______________________________________________________________________________________________
(Најголемиот
дел од записите
се
дело на
Љупчо
Филиповски
и Владимир
Бошковски и
претставуваат
дел од
каталогот “Православен
храм Свети
Апостоли
Петар и
Павле”, село
Тресонче, во
издание на
Музеј на
Град Скопје,
јуни-јули 1995
година, н.з.)
TresoncheWeb |